02 Мај, 2024
0.0269

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Бежовска уште пред една година планирала да ја ликвидира Еуростандард, а не натера да вложиме 11 милиони евра

Објавено во: Финансии 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, објави јавен повик до повеќе врвни инстанци во општеството. 

Конкретно, јавниот повик е до Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Овој повик до вас, како највисоки државни претставници на Република Северна Mакедонија, е поврзан со стечајот на Еуростандард банка, а е поттикнат и се заснова на вчерашното интервју (во неделникот Фокус, од 03 Септември 2020), на гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, Ангеловска-Бежоска, во кое таа недвосмислено укажува на фактот дека нејзината намера за ликвидација на Еуростандард банка била донесена, повеќе од една година наназад, користејќи го дискреционото право во сопствено име како гувернер, криејќи се зад институцијата Народна банка“, пишува Костовски.

Натаму додава. 

„Фактот што вели дека нe поттикнала да вложиме нови 11 милиони евра во банката, прво како субординиран кредит, а на почетокот на годинава како докапитализација на банката, ние акционерите сметавме дека е во интерес за стабилизација на банката, а додека госпоѓата Гувернер тој притисок кој го изврши врз нас акционерите, не бил за стабилизација на банката, туку свесна дека ќе ја однесе банката во стечај имала за цел, да ги заштити интересите на клиентите на Еуростандард банка, тоа говори дека нејзините намери биле нечесни“, пишува Костовски.

Гувернерката на Народна банка, не покажа волја во ниту еден миг да го удостои потенцијалниот купувач ниту со една средба за негово интервенирање во стабилизирањето на банката, тврди сопственикот на Еуростандард.

„Недвосмислено се потврди фактот дека вонредната ситуација со пандемијата Ковид-19,која го зафати целиот свет за Еуростандард банка и нас акционерите не важеше.

Ве повикувам, како најсилни институции во земјава, да помогнете во справувањето со оваа неправда, со која најоштетени се армија граѓани во Република Северна Македонија“, пишува во својот јавен повик бизнисменот Костовски.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?