03 Мај, 2024
0.0249

Трите најстрого забранети места во светот за посетители

Објавено во: Стил 10 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако е забрането е поинтересно и ако тоа е одредено место, тогаш луѓето стануваат уште  пољубопитни и сакаат да го посетат. И покрај тоа што е строго забрането.

Каде се оние места кои се толку големи, егзотични и убави, но не им е дозволено на луѓето да одат и да ги посетат?
0749933001441704292_0
Тајните архиви на Ватикан Само на неколку луѓе во светот им е дозволено да влезат таму. Архивата е централно место за сите акти, објавени од Светата столица. Влезот на зградата на архивите се наоѓа во близина на ватиканската библиотека. Таму се чуваат државни документи, конверзација, книги на папските сметки, како и многу други документи на црквата, кои се натрупувани низ вековите. Во 17 век, по наредба на папата Павле V, тајните архиви биле одделени од ватиканската библиотека. Само некои научници имале многу ограничен пристап до нив. Тие остануваат апсолутно затворени за надворешни лица до 1881 година, кога папата Лев XIII ги отвора за истражувачите. Можете да го видите секој документ кој сакате, бидејќи архивите не се тајни, и покрај своето име. Сепак, немате право да влегувате во архивата. Треба да поднесете барање за одреден документ и тој ќе ви биде доставен. Тајните архиви на Ватикан содржат 84 километарски полици полни со 35 000 тома литература, само во селектираните категории. Единствените документи до кои пристапот е забранет, се оние кои се уште не наполниле застареност од 75 години (за да се заштитат владините и дипломатски информации).
The Negev Nuclear Research Center: Нуклеарна инсталација која се наоѓа во пустината (Израел)
0278791001441704291_0
Оваа израелска нуклеарна инсталација се наоѓа во пустината Негев. Изградбата започнува уште во 1958 година со француска помош, но информациите за објектот остануваат строго доверливи. Во 1986 година, Мордехај Вануну изнесе пред медиумите некои докази за нуклеарната програма на Израел и ја објасни намената на зградите. Таа, исто така откри дека топ-таен подземен објект се наоѓа веднаш под инсталацијата. Во јануари 2012 година, израелската комисија за нуклеарна енергија одлучи да престане реакторот на истражувачкиот центар за некое време. До денес местото е строго забрането за посетители.
The Jiangsu National Security Education Museum: Тајниот музеј, забранет за странци (Кина)
jiangsu-national-security-museum
Ова е домот на строго тајните документи од историјата на кинеската шпионажа. Во музејот има изобилство од документи кои датираат од 1927 година кога е основан Централниот комитет за шпионажа, под разделба на Кинеската комунистичка партија. Исто така, таму се наоѓа колекција од мали пиштоли, револвери, маскирани како кармини, минијатурни камери, скриени уреди, врежани монети кои се користат за прикривање на документи и стратешки карти скриени во палуби на картички за игра. Единствената можност да го посетите музејот е да сте родени во Кина, со други зборови, да сте граѓани на Кинеската народна република.