17 Мај, 2024
0.0341

Трошат по 200 евра од човек: Ако затвориме во недела, регионот ќе пазари во Косово и Србија

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Доколку ги затвориме во недела нашите шопинг центри, граѓаните од регионот ќе пазарат во тие во Косово и Србија, рече на денешната панел дискусија Игор Давков од Скопје Ист гејт, трговскиот центар кој е се уште во фаза на изградба. Дебатата ја организираше Стопанската комора, а бизнис заедницата има сериозни заблешки на предложениот закон за измени и дополнувања на Законот за работни односи. Не само трговските центри, и обложувалниците, градежната индустрија, преработувачката индустрија имаат посебен начин на работи кој доста ќе трпи од решението. Своите забелешки ги износоа сите, а генерално тврдат дека ако биде стриктно определено недела да е неработен ден, ќе следуваат отпуштања, финанисиски загуби. Фактор веќе ексклузивно пишуваше за ставовите на бизнисмените за овој предлог. Денеска говорниците потврдија дека имаат бројни несогласувања.

„Во трговските центри не се оди само на шопинг. Таму останатите вработени кои имаат работна недела одат за време на викенд и особено во недела за да поминуваат ефективно слободно време со семејството. Според некои пресметки еден поединец во недела може да потроши и 12.000 денари, пари кои ако затвориме во недела ќе се слеат во трговските центри во Косово и во Србија, рече Давков.

Скопје Ист гејт е во фаза на градба. Градежништвото, се тврди е сектор кој не може да се организира со еден неработен ден. Андреа Стефановски од Гранит рече дека градежништво, како дејност во која извршувањето на работите е директно зависно повеќе фактори кои директно влијаат на извршувањето на работите во овој сектор. Поради ваквата природа на дејноста, градежништвото особено активностите поврзани со реализација на големите капитални инвестиции и објекти од јавен интерес не смеат да трпат никакви ограничувања. Вели дека работата зависи од временските услови и од климатските фактори, поради што мора да се дозволи да се искористат сончевите денови во годината и поволната клима. Дополнително реализацијата на проектите е врзана со рокови, кои, доколку не се испочитуваат од деловните субјекти, се плаќаат договорни казни и пенали за секој ден задоцнување, а иницираната мерка би се одразила негативно не само врз реализацијата во недела туку и во текот на целиот викенд и би влијаела негативно врз исполнувањето на роковите.

Се тврди дека предложеното решение директно задира во слободата на пазарот и претприемништвото, кои согласно членот 55 од Уставот на РСМ може да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето. 

Кристина Самарџиева од „Еуроникел Индустри“ Кавадарци рече дека ова решение би значело дополнително оптоварување на работавачите затоа што би ги ставило компаниите во загуба.

“Природата на процесот во нашата индустрија не дозволува 6 дена да се работи, а во недела да не се работи бидејќи печките од технички причини не може да се вклучуваат и гасат по потреба. Организацијата на работа кај нас е во 3 смени, и по секој циклус од 3 смени следат два слободни дена со што вработените се соодветно искомпензирани и плус им се плаќаат 5 отсто за работа во смена, 35 проценти за ноќна работа, 50 проценти за работа на празници. Дополнителниот додаток на плата за работа во недела и тоа како е дополнително финансиско оптоварување за работодавачот, од друга страна прави и дискриминација на процесните работници со административните. Секое дополнително оптоварување на нас како работодавач нè прави неконкурентни на светско ниво, вели Самарџиева.

Виктор Мизо од „Костал Македонија“ вели дека производните процеси во автомобилските компании побаруваат континуитет во работењето – ако се воведат ограничувања да се примени 4-сменската шема што ја имаат воспоставени компаниите за нивната клучна опрема ќе има сериозни проблеми со перформанските и конкурентноста на производите на овие компании. 

„Доколку на компаниите не им се дозволи да ги користат производствените капацитети 24/7 по барање на клиентот, ќе мора сериозно да ги преиспитаме праговите на нивниот континуитет во бизнисот и потенцијално да го лоцираат инсталираниот капацитет таму каде што постои таква флексибилност. Дополнително, во производните капацитети има процеси/активности кои мора да се изведуваат во услови кога производство не работи, како месечни пописи, интервенции на системи, промени во капацитетите и дислокации на опрема за кои задолжително компаниите мора да имаат начин да ги реализираат со оглед на тоа дека се круцијални во нивното работење. Невозможноста за користење на опремата во текот на еден ден е околу 14 отсто од расположливиот капацитет на опремата што би останал неискористен на годишно ниво. Како пример, компаниите од автомобилскиот сектор, распологаат со високо софистицирана опрема за производство на пластични делови, електроника и склопување со многу висока вредност и секое некористење на истата создава големи трошоци без соодветни економски користи, рече тој.

Васко Илијевски, претседател на Групација на спортски обложувалници при Стопанската комора на Северна Македонија рече дека сите натпревари се во недела и ако се примени вакво решение, една третина од работниците би биле засегнати.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија