Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“
Објавено во: Економија 08 Март, 2021 07:20
Воведување на целосна
забрана за работа во недела со исклучок на дејностите кои се поименично
наведени, не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту
на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни
импликации, смета бизнис заедницата. Стопанствениците имаат бројни забелешки на драфт верзијата на Законот за изменување и дополнување на Законот на работни односи за кој работеше Министерството за труд и социјална политика. Таа верзија се уште не готова и допрва ќе се дебатира со бизнисот и со синдикатите. Една таква средба е закажана веќе денеска во Стопанската комора. Фактор дознава дел од забелешките на стопанствениците.
Клучните забелешки според нашите информации се за преработувачката индустрија, за градежништвото, но и за некои производствени дејности особено тие кои работат во смени. Бизнисмените тврдат дека решение во кое сторго се одредува недела да биде неработен ден освен за неко дејности кои наведуваат поименично може да доведе до намалување на бројот на вработени што би било погубно за домашното стопанство.
Забелешката која се однесува за преработувчката индустрија е во однос на тоа што во неа секое прекинување на процесот кој нужно не смее да биде прекинат може да значи нови загуби и трошоци.
За компаниите кои процесот на работа го организираат во смени - најчесто според системот на турнуси, со четири бригади кои
наизменично работат во смени, па имаат два дена слободни, според бизнисмените неприфатливо и неприменливо е решението да се исплатува
посебен додаток на плата за работата во недела. За овие работници,
загарантирано е правото на неделен одмор, во други денови од
неделата, и неоправдано е да се прави разграничување помеѓу
работниците на кои на ротациска основа наизменично ќе им бидат
денови на неделен одмор понеделник и вторник, и работниците на кои
денови на неделен одмор им биле сабота и недела.
Стопанството смета дека ваков пример нема ниту во една држава од регионот односно таму нема стриктно ограничување, затоа се тврди дека ова може да влијае на конкурентноста на Македонија и од аспект на привлекување на инвестиции.
Инаку се предлага неделата да не биде задолжително неработен ден во градежништвото затоа што во оваа индустрија не се трпат ограничувања и пролонгирања. Таков третман треба да добијат, како што се бара, а дознава Фактор и автомобилските компании во кои е организирано работење практично во четири смени, со дополнителен слободен ден што вака би било нарушено.
Инаку денеска за предложеното решение се разговара во Стопанската комора. Во најавата стои дека ограничувањето на можноста за работа во недела, или наметнувањето на дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, покренува повеќе прашања за ефектите од ова решение – како ќе се одрази на продуктивноста и конкурентноста на компаниите, дали производствените процеси се од таков карактер што може да се запрат без последици и по кои параметри тоа ќе се проценува, но и дали предложените решенија може да предизвикаат странските инвеститори да ја преиспитуваат РСМ како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи, неодамна изјави дека Законот за работни односи со кои ќе биде забрането работењето во недела за повеќето дејности нема да се донесе додека трае пандемијата. „Три месеци дебатиравме досега за овој предлог-закон, а планираме да дебатираме уште три месеци пред да аплицираме во Собранието. Ние во овој период додека трае епидемијата не сакаме финансиски да им наштетиме на работодавачите, рече Битиќи. Александра Томиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





