04 Мај, 2024
0.0256

Трудници не смеете да пиете кафе, еве зошто...

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Истражување покажа зошто трудниците не смеат да пијат кафе. 

Бремените жени не треба да пијат кафе затоа што  кофеинот го прави нивното бебе да изгледа помало. Ова го покажа новото истражување на Националниот институт за детско здравје и човечки развој во Мериленд, САД.

Студијата опфатила 1.116 парови мајка-дете. Децата на возраст од 4 до 8 години биле тестирани за висина и тежина, а концентрациите на кофеинот во плазмата на нивните мајки се мерени во текот на бременоста.

Децата чии мајки консумирале дури и мали количества кофеин за време на бременоста, 50 милиграми или половина шолја кафе дневно, во просек се пониски од децата чии мајки не консумирале кофеин за време на бременоста. Разликата во висината кај децата се зголемувала секоја година до 8-годишна возраст. Научниците планираат да откријат како точно кофеинот влијае на растот на нероденото дете.

Инаку, има бројни студии кои укажуваат кои се бенефитите, но и недостатоците на консумирањето на кофеинот. Се смета дека во умерени количини тој делува позитивно на организмот. 

foto freepik.com/AndreyStar