11 Мај, 2024
0.0232

Цената на храната во светот е на најниско ниво, а кај нас!?

Објавено во: Анализа 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FAO) забележа пад на цените на храната со 0,9 отсто во јуни, пренесува рускиот портал "Вијести". Индексот на FAO отстапи до 165,1 поени. На овој начин беше регистриран пад од 21% во споредба со истиот период минатата година, а нивото е најниско од септември 2009 година. "Падот на индексот се должи првенствено на падот на цените на шеќерот со 6,6% и на млечните производи за 4,1%", се наведува во пораката на организацијата. Во исто време растот на глобалната побарувачка на храна за животни, особено во Бразил, Кина и САД, доведе до поскапување на сточната храна житото, вклучувајќи ја и пченката. Цените на месото останаа стабилни. Индексот на цените на житни култури во јуни забележа ниво од 163,2 поени, што е пад од 1,5% во однос на вредноста од мај. Ова е првото зголемување од декември 2014 година. Во споредба со јуни 2014 година цените се намалени за 17%. Неповолните временски услови во некои региони доведоа до зголемување на цените. Растот сепак е ограничен од некои фактори како големи резерви на некои намирници и поволните предвидувања за производство. Индексот на FAO за цените на млечните производи во јуни достигна 160,5 поени, што е отстапка со 4,1% од нивото во мај. Најзначајни се намалувањата кај маслото и сирењето. Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија пак, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7. Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18.5%, сувото овошје за 4.0%, маслото и маснотиите за 3.1%, другите прехранбени производи за 1.3%, јајцата за 1.0%, рибата, конзервираната риба и алкохолните пијалаци за 0.2%. Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 6.2%, услугите за сместување за 4.3%, информатичката опрема за 1.9%, течните горива за домаќинствата за 0.4% и електричните апарати-големи за 0.3%. Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот зеленчук за 8.6%, конзервираните месни производи за 0.7%, полутрајните колбасичарски производи за 0.6%, трајните колбасичарски производи за 0.5% и месото за 0.2%. Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4%, гасот за домаќинствата за 4.2%, цврстите горива за 1.2%, обувките за 0.6%, средствата за лична хигиена за 0.4%, мебелот и течните горива и мазива за 0.2%. Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со јуни 2014 година, бележи пораст од 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.6%. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад