ТУПАНЧЕСКИ БИЛ ШОКИРАН ОД ДКСК: Тривијално прашање, а иако сум фан во Португалија не одам
Објавено во: Македонија 28 Март, 2022
Како тривијализирање го квалификува денеска Никола Тупанчески, министерот за правда прашањето од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за финансирањето на неговото патување во Палермо на натпреварот меѓу Македонија и Италија. Тој денеска гостуваше во Утрински брифинг и изјави дека бил шокиран кога слушнал дека од него се бара да објасни на чиј трошок бил таму.
„Бев шокиран зошто го велам ова тоа, затоа што јас имам коректен однос со многу луѓе тука и како професор. За да се стигне до вистината треба да се слушне и другата страна, вели министерот.
Додава дека таму бил приватно, а трошоците ги платил од личната трансакциска сметка.
Тупанчески вели дека ниедна законска ни етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој вели дека Владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица.
„Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден, вели Тупанчески.
Фото: Слободен печат