28 Април, 2024
0.0300

ТУРЦИЈА СО НОВ РЕКОРД - Инфлацијата ги надмина очекувањата: во јануари забрза на речиси 65 отсто

Објавено во: Финансии 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави Турскиот институт за статистика – Туркстат. Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Истовремено, турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот, бидејќи американската валута денеска се тргуваше за 30,55 лири.

На годишно ниво, најмногу во јануари пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 92,27 отсто, како и во образованието за 79,81 отсто, здравството за 78,57 отсто и превозот за 77,54 отсто, објави сајтот Туркстат. .

Алкохолните пијалаци и тутунот поскапеле на годишно ниво за 61,60 отсто, облеката и обувките за 40,62 отсто, а храната и безалкохолните пијалаци за 69,71 отсто.


На месечно ниво инфлацијата скокна за 6,70 отсто во однос на декември.

Годишната основна стапка на инфлација во Турција во јануари изнесува 70,48 отсто.

Централната банка на Турција (TCMB) претходно ја зголеми референтната каматна стапка на 42,5 отсто од 40 отсто во декември, велејќи дека сегашното ниво на домашна побарувачка, стабилниот раст на цените во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат притисок врз зголемената инфлација во Турција, објавија медиумите.

Фото: Принскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување