Тутунарите по азбучен ред ќе ги подигаат субвенциите од банките
Објавено во: Економија 21 Април, 2020
Тутунопроизводителите
од денеска до петок ќе можат субвенциите да ги подигаат од шалтерите на банките.
Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
тие ќе можат тоа да го сторат по утврден азбучен редослед, односно според првата буква од презимето на тутунопроизводителот.
Списокот изгледа вака:
21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д; 22
22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;
23 април (четврток) презимиња кои започнуваат на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р;
24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, дел од тутунарите е имаа право да ги подигнат субвенциит од банкомат и покрај полицискиот час, во периодот од 16.00 до 23.00 часот.