26 Април, 2024
0.0315

„Тврдокорните“ на протестен марш: Ќе бараат од Иванов одземање на мандатот на премиерот Заев

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Тврдокорните“ за денес најавија протестен марш на кој последна дестинација е Вилата на Водно каде е сместен претседателот на државата.

Таму тие од него ќе побараат да му биде одземен мандатот на премиерот Зоран Заев, поради како што велат, непридржување на гаранциите и  работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи  интереси и рушење на државата.

„Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата, Мирниот протестен марш ќе започне во 17.00 часот, пред Канцеларијата на Делегацијата на Европската унија (бул. Св. Кирил и Методиј52 б), од каде македонските носители и бранители на државниот суверенитет ќе се обратат до ЕУ и НАТО со своите 12 протестни барања и ќе им предадат дел од протестните текстови, кои се дел од Вистините за Македонија, принесени како Завет, Пред цивилизацискиот и македонскиот олтар.“ потенцираат Тврдокорните.

Протестниот марш ќе продолжи, по улицата Водњанска, сѐ до Вилата Водно, каде на Претседателот ќе му се предаде протестното барање.

„Истовремено, поради непринципиелните политики кон Р. Македонија, мешањето во внатрешните политики на суверена, независна земја членка во ОН, на соодветен начин ќе се сензибилизира и интернационализира македонското прашање, со запознавање на светската јавност со Вистините за Македонија, и на сите држави, особено оние кои ја признале Р. Македонија под уставното име, од кои ќе бараме поддршка поради наметнатата окупаторска диктатура во Македонија и геноцидните планови против Македонија и Македонскиот народ.

Наместо Република Македонија  да биде ,,линија на огнот“, Р. Македонија да биде мостот за цивилизирана соработка помеѓу источната  и западната цивилизација“, посочуваат од „Тврдокорните“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“