Убиените руси во Сирија не биле припадници на руската војска
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2018
Убиените руски државјани во Сирија не се војници, соопшти руското министерство за надворешни работи.
„Се работи за граѓани на Русија кои во Сирија дошле доброволно поради други причини. Не е во надлежност на Министерството да прави проценка на легитимноста и законитоста на одлуката“, се наведува во соопштението.
Американски портали претходно објавија дека меѓу убиените во нападот во Деир ел Зор имало припадници на руската војска.