19 Мај, 2024
0.0302

УЧЕТЕ ОД НИВ: Богатите никогаш не ги прават овие грешки со парите

Објавено во: Економија, Стил 02 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Основната разлика меѓу богатите и останатите е во начинот на располагање на парите. Авторот на книгата “Потенцијален милионер” Џејми Тарди разговарал со повеќе од 150 богати луѓе кои со текот на времето научиле како со парите, додека другите луѓе постојано ја повторуваат истата грешка и се се подалеку од парите. Ова се некои од овие грешки:

 1.Не ги игнорираат фактите

Ако не сте добро запознати со вашата финансиска состојба и лошо управувате со парите, тие како песок ќе ви поминуваат низ раце. Во случај да сакате да имате повеќе пари, важно е да пресметате колку пари заработувате и колку трошите и на таа основа да донесете одлука на кој начин можете да заработите повеќе. Најлошо што можете да направите е да ги игнорирате фактите, а со тоа да натрупате долгови.

2. Не трошат премногу

Иако мислите дека богатите фрлаат многу пари, тие често се “цврсто на земјата” повеќе отколку што можете да замислите. Нивните инвестиции се прилагодени на финансиска ситуација и богати се затоа што ги чуваат парите, наместо да ги трошат.

 3. Ги прилагодуваат финансиите со животните околности

Успешни луѓе сфаќаат дека секоја голема промена во животот со себе носи одредени финансиски промени и соодветно на тоа се прави план за одржување, но исто така и за подобрување на финансиската стабилност.

 4. Фокусирани се на заработката, наместо на штедењето

Наместо да штедите на мали работи кои ви го разубавуваат секојдневието, фокусирајте се на дополнителни извори на приход. Богати луѓе знаат дека постои ограничување на тоа колку може да се штеди, но не постои ограничување на тоа колку можете да заработите.

 5 Не го жртвуваат квалитетот за евтини цени

Кај нас се вели, “колку пари, толку музика”. Многу често тоа е вистина и богатите луѓе сфаќаат дека поскапата опција на долг рок е подобар избор. На пример, ако купите чевли за 1000 денари, слабиот квалитет брзо ќе може да “ја прекине соработката”,но ако инвестирате со повеќе пари тие ќе ви служат со години. Така, и со други, многу поголеми работи.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија