05 Мај, 2024
0.0250

УГОСТИТЕЛИТЕ БАРААТ - премиерот да седне на маса со нас и да ни каже како ќе ни бидат надоместени штетите

Објавено во: Економија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Повторно реагира Независната угостителска комора, откако Владата вчера го ограничи нивното работење до 18 часот, што ќе стартува од петок.

„Во името на Независната угостителска комора, во името на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, во името на 6500 регистрирани угостители со повеќе од 35.000 вработени и во името на целокупната одговорна јавност, доставуваме барање за јавна итна средба отворена за медиумите за отворена дискусија, за носење на оправданоста на селективна рестриктивна мерка и неопходноста од носење на посебен сет мерки за финансиска поддршка и помош наменета селективно само за угостителите“, велат од НУК.

Додаваат дека мерките кои ги усвои Владата се добри, но не се популарни не поради самите нив, туку поради неодговорноста на Владата веднаш со нивното усвојување и донесување да не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска подршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена. 

„Финансиската поддршка и помош која Владата има за обврска да ја обезбеди како сите нормални здрави економии кои целосно ги затворија угостителските објекти и ги надокнадија не само загубите туку и трошоците од неработењето во интерес на одржување на бизните во угостителската индустрија целосно во функција. 

Ако навистина Владата требало да бира како што напомена Претседателот на Владата меѓу задоволството и профитот од една страна и одговорноста и здравјето од друга страна, тогаш целосното затворање по примерот на другите земји ТРЕБАШЕ ДА Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ПО ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ НАС, што би било проследено со соодветна финансиска поддршка и помош. Парцијалните и селективни рестриктивни мерки некординирани со соодвена финансиска поддршка со кои во континуитет е опфатена само угостителската индустрија ги води угостителите и бизнисите во целосна кома и колапс.

Во целост го поддржуваме ставовите од вчерашната изјава дека “..сега е време здравјето да се стави пред задоволството и пред профитот”. 

Меѓутоа да бидеме на јасно за каков и чив профит тоа се дискутира?

Ако се однесува и асоцира на профитот во угостителската индустрија сведоци сме дека угостителите неможат да го помирисаат прифитот оваа година. Дали случајно се однесува за профитот што Владата ќе го оствари со новите рестриктивни мерки со кои наводно ги остава угостителите да работат со цел да ја избегне обврската за финансиска поддршка и помош која настана од воведувањето на рестриктивните мерки. Прашуваме дали во случајов се однесува за профит или заштеда која Владата ги прави преку заштедата и избегнување на обврската за обештетување на угостителите?

Ја користиме повторно моќта и влијанието на медиумите да ни помогнат во доставувањето на ова барање до Претседателот на Владата за покана во рок од 48 часа за јавна отворена за медиумите работна средба со цел да ги разјасниме одговорностите, обврските и да дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија со воведувањето на селективните рестриктивни мерки. 

Доколку Владата нема намера јавно да седне на маса и се соочи со угостителите, тогаш најмалку што може е јавно да одговори на ова наше барање и да се изјасни дали со донесувањето на новите мерки воопшто предвиделе, планирале и дискутирале да се надомести целосно или парцијално штетата со воведувањето на новите рестриктивни мерки“, велат угостителите. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години