Укината пресудата на Даравелски поради застареност
Објавено во: Македонија 14 Март, 2023
Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, нема да ја одлеќува затворската казна од 7 години поради застареност на пресудата од 2005. Пресудата ја укина Судечкиот совет кој постапува по предметот
Неговиот бранител ова барање го достави на 10 јануари.2023 година, а Кривичниот совет дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд. Судот утврди дека во конркетниот случај апсолутната застареност настапила на 1 декември.2022 година.
Станува збор за неправосилно решени странките имаат право на жалба пред Апелационот суд Скопје.
Даравелски излезе од затвор на 15 февруару по само 35 дена, наместо 7 години. Даравелски потоа со автомобил со затемнети стакла се упати кон Куманово.
Тој сам се предаде на граничниот премин „Табановце“ на 11 јануари, откако претходно безмалку две децении се криеше во Србија.