03 Мај, 2024
0.0528

Умира ли телевизијата?

Објавено во: Анализа 02 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Телевизиските рејтинзи опаѓаат секој ден. Со исклучок на краток период за време на Олимпијадата минатото лето во Лондон, гариконите продолжуваат да се спуштаат надолу од Септември 2011 година до денес, покажуваат анализите на Citi Research. Според последните истражувања американските кабелски оператори изгубиле стотици илјади корисници само во третото три месечје од годината, иако во тој број влегуваат и корисниците на брз интернет кој го доставуваат истите компании. Статистиоката покажува дека пет милиони американци го прекинале договорот со кабелските оператори за телевизја и интернет од почетокот на 2010 година до сега. Американскиот оператор Time Warner Cable, на пример изгубил 306 000 телевизиски и 24 000 интернет корисници само за третото тримесечие од годината. Том Ретлиџ, кој е извршен директор на Charter Communications, од друга страна коментира дека бил изненаден кога дознал дека 1,3 милиони од вкупно 5,5 милиони корисници на компанијата не сакаат телевизиска услуга, туку само брз интернет. Тврдејки дека растот при продажбата на интернет е по голем отколку што некогаш очекувал дека ќе биде. Се помалку луѓе во САД гледаат чиста телевизја, покажуваат истражувањата. Радиодифузерите патат од засилената конкуренција на кабелските оператори и нивните програми како што HBO. И покрај тоа, рејтинзите и на двата вида телевизи паѓаат. Расте интернетот Во меѓувреме, Facebook и Google го зголемуваат бројот на корисници кои се на пат да ги надминат сите телевизии. За прв пат во историјата на кабелската телевизија во Америка, корисниците на големите оператори паднаа под границата од 40 милиони. За споредба, во почетокот на 2010 година тој број изнесувал 44,5 милиони и оттогаш бележи прогресивен пад. Експертите го посочуваат моментот како историско преминување од телевизја кон гледањето на телевизски програми и филм на интернет. За последните пет години близу 5 милиони телевизиски корисници се пренасочиле кон други извори на информација и забава. За прв пат се забалежува и толку големо преминување од обична на кабелска телевизја. Но само ако таа е во пакет со брз интернет. Од тоа печалат телекомуникациските компании како AT&T и Verizon, кои нудат токму таква услуга, покажуваат истражувањата на ISI Group. Сателитската телевизја ги зачува стабилните позиции, што се должи најмногу на луѓето кои живеат во пооддалечените региони, каде имаат помалку алтернативи. Друг интересен податок е намалувањето на домаќинствата во САД кои имаат телевизски приемник. Телевизорот се замнеува со мобилен телефон и компјутер, на кои корисниците ги следат посакуваните програми. Бројот на видео клипови кои се гледаат преку мобилните телефони расте постојано. Околу 40% од сообраќајот на порталот за споделување Youtube доаѓа д=од паметните телефони и таблетите. Тие го окупираат прајм тајм периодот, во кое вообичаено постоеше навика за следење на телевизјата. Експертите во медиумската индустрија ги нарекуваат таблетите – вампири, затоа што на пазарот се појавуваат преку ноќ. Ќе се адаптираат ли рекламните агенции? Допрва, рекламните агенции ќе треба да се адаптираат кон новите желби на публиката, покажува истражувањето на Macquarie Capital. Според ова истражување се уште се забалежува големо разминување помеѓу медиумите, на кои луѓето го минуваат најголем дел од своето време и местото на кое одат парите за реклама. На долгорочен план тоа е на пат да се промени, сметаат во Macquarie Capital. И покрај тоа што се намалува бројот на реклами на телевизиите, цените на рекламниот простор се уште растат. Тоа се должи на фатотот што поради слободата на интернет многу е тешко да собереш голем аудиториум. Финалето на шампионатот во американскиот фудбал - Super Bowl, достига до повеќе од 100 милиони гледачи во продолжение цели три часа. Во блиска иднина тоа нема да биде надминато од ниту еден алтернативен медиум, сметаат експертите. И покрај тоа што кабелските оператори ја минуваат најтешката година, приходите сепак продолжуваат да растат. Раководствата реагираат на намалениот број на корисници со поглеми кориснички такси, што пак е дел од проблемот поради кој се откажуваат луѓето со ниски месечни примања. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад