30 Април, 2024
0.0373

УНИБанка со втора понуда за одложено плаќање

Објавено во: Економија, Мои пари 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на отежната можност за плаќање на кредитните рати, УНИБанка АД Скопје повторно им излегува во пресрет на своите клиенти кои се соочуваат со финансиски проблеми.

Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата, предизвикана од Ковид-19, врз економијата и врз животот на граѓаните, УНИБанка АД Скопје, како општествено одговорна компанија, ќе овозможи втор период на одложена отплата на кредитни продукти.

Понудата се однесува на клиенти - физички лица, кои веќе користат олеснување во отплатата на кредитните обврски, но сеуште се соочуваат со потешкотии поради престанок на работен однос, како и намалени месечни примања на кредитокорисникот.

Услови кои се нудат со Понудата, за кредитни продукти со ануитетска отплата (потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити), се:

-   грејс период на отплата на месечните ануитети (главница и камата) од 6 месеци и

-   пролонгирање на рокот на важност на договорот, соодветно на одобрениот грејс период.

Грејс период од 6 месеци е даден и за кредитните картички, а во тој период УНИБанка единствено ќе пресметува и ќе наплатува камата.

Кај кредитните картички кои достасуваат за времетраењето на грејс периодот, Банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

Кај дозволените пречекорувања кои достасуваат во периодот од 02.09.2020г. до 02.03.2021г., Банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

УНИБанка АД Скопје ја креираше понудата согласно препораките на Народната банка и Уредбата на Владата и на своите клиенти им нуди можност и олеснителни околности во овој потежок економски период, време кога економската кондиција претпоставено е отежната.


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување