03 Мај, 2024
0.0288

УПОЗ од Манчевски бара да ги исполни нивните барања кои беа игнорирани 10 години

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Раководството на Синдикатот на УПОЗ на првата средба со новиот министер за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски изразија надеж дека по 10 години конечно ќе бидат слушнати и исполнети нивните барања за нов колективен договор и почитување на правата на службениците управата и правосудството. 

„Она што за синдикатот е најглавно е што со Законот е суспендирано колективното договарање и со таков текст во кој има законски ограничувања не можеме да ги уредуваме правата на работниците со колективен договор“, рече Пеце Грујовски претседател на УПОЗ, пренесува ТВ 24.

Новата влада и новименуваниот министер за информатичко општество и администрација се подготвени да креираат социјален дијалог за подобрување на условите за работа  на администрацијата, но и подобрување на нејзината ефикасност во делот услуги кои им се нудат на граѓаните.

„Овој состанок е почеток на нови разговори со цел изнаоѓање обострано прифатливо решение, без наметнување услови што не би биле прифатливи за вработените во јавната администрација.Од друга страна, заедно ќе работиме на подобрување на ефикасноста на администрацијата , за граѓаните да бидат многу позадоволни од услугите, на што ќе се инсистира во разговорите", рече Манчевски.

На вработените во администрацијата министерот јавно им порача дека заврши времето на политички притисоци.

„Нема веќе одење по митинзи и давање списоци за гласање,општеството е ослободено, сакаме вработените во администрацијата да се слободни и професионално да ги извршуваат обврските .Отворени сме и за сите нивни сугестии вклучително и по однос предлогот за флексибилно работно време, како и други мерки ветени во предизборниот период“, додаде министерот.

УПОЗ не дава рок за исполнување на барањата како што тоа го прават други синдикати кои 10 години ги немало, а сега поставуваат услови и временски граници дополнуваат од синдикатот. Присутните заеднички констатираа дека денешната средба е само почеток на дебата со цел пронаоѓање вистински решенија. Изразија уверување дека во најкус можен рок ќе се најде решение и по однос одредбите што го уредуваат работното  време на адиминистрацијата како и дека за брзо ќе дојде и до потпишување на колективниот договор.


Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи