Уште 140 лица ќе бидат уапсени за поврзаност со Ѓулен
Турското обвинителство издаде налози за апсење на 140 лица осомничени за врски со имамот Фетхулах Гулен и неговата терористичка организација ФЕТО, објави „Џумхуријет",
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2016
Според медиумот, операцијата за апсење започнала рано изутрината истовремено во 15 населени места во земјата. Меѓу осомничените преовладуваат професори и лекари. Како што утврди турското разузнавање, приврзаниците на Ѓулен комуницираат едни со други со мобилна апликација ByLock за размена на пораки.
Обидот за државен удар во Турција беше извршен на 15 јули. Во бунтот учествуваа војници и офицери од турската армија. Главните судири меѓу пучистите и силите на режимот се одржаа во Истанбул и Анкара. Загинаа 246 лица, а во тоа број не влегуваат приврзаниците на Ѓулен, додека над 2.000 беа повредени.
Анкара тврди дека директна одговорност за обидот за преврат сноси Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД, и членовите на ФЕТО. Како резултат на започнатата чистка по превратот од властите, до моментов во притвор се наоѓаат 16 000 лица, обвинети за врски со ФЕТО. Над 81 000 државни службеници беа суспендирани од работа или отпуштени.