Уште една земја од регионот прогласи вонредна состојба
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Март, 2020
Во БиХ е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот.
Вака одлучи Советот на министри на денешната седница.
Одлуката е донесена во согласност со Рамковниот закон за заштита и спасување луѓе и материјални добра од природни и други несреќи во Босна и Херцеговина.
Договорено е пополнување и активирање на Координативното тело на БиХ за заштита и спасување со оглед на тоа дека Советот на министри на БиХ ја усвои Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање Координативно тело на БиХ за заштита и спасување.
Министерството за безбедност на БиХ ги координира активностите во планирањето и работењето на институциите и органите на Босна и Херцеговина во областа на заштитата и спасувањето.
Претходно, Србија и Косово прогласија вонредна состојба поради коронавирусот.