09 Мај, 2024
0.0242

УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Цементарница УСЈЕ АД донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема за Министерството за здравство. Со средствата ќе биде набавена медицинска опрема која по консултација со стручните тимови од Министерството во моментов е најнеопходна во активностите поврзани со справувањето со вирусот Ковид 19. Како општествено одговорна компанија во овие деликатни времиња УСЈЕ понуди помош преку донација да се набави опрема која на медицинскиот персонал ќе му овозможи непречено и безбедно да работи и да ги извршува своите задачи во услови на пандемија, бидејќи јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа општеството, УСЈЕ ја понуди помошта пред релевантните институции со кои е во постојана комуникација, бидејќи повеќе од јасно е дека од исклучителна важност е сите да се вклучат и да дадат поддшка и помош во оној дел во кој надлежните институции сметаат дека во моментов е најпотребно.

Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки што ги донесе Владата. И во следниот период остануваме конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето. 

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“