29 Април, 2024
0.0278

Утре по седми пат ќе продолжи конститутивната седница, нула напредок

Објавено во: Македонија 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Фарсата во Собранието ќе продолжи утре откако ќе се одржи седмото продолжение на конститутивната седница која никако да заврши со злоупотребата на пратеничката говорница со дебата која воопшто не е поврзана со точките од дневниот ред за формирање на комисијата за избори и именување.

Денес и во попладневниот дел од шестото продолжение на првата седница на Собранието на Република Македонија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од СДСМ да се откажат од тиранската платформа и да кажат што е договорено со ДУИ за Законот за јазиците, додека пак тие им реплицираа дека такво нешто не постои и оти Законот за јазиците го спровела Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, побара да се разговара за суштината на дебатата која, според него, излегла од патеката и побара од пратеникот Петре Шилегов од СДСМ да одговори дали ќе ја прифатат платформата.

Шилегов рече дека тие имаат програма која ќе ја спроведат како реформска влада и оти е лага дека ќе се менуваат знамето и химната. Додаде дека е договорена само дебата за тие работи. Шилегов ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да прекинат со, како што рече, застојот на Македонија во нејзините интеграции.

Независната пратеничка Стефоска Ирена побара објаснување во кое својство во Парламентот присуствува пратеникот Емил Димитриев. Претседавачот Трајко Вељаноски ја упати да ја праша пратеничката Радмила Шекеринска, а таа ќе и објаснела за функцијата на Димитриев во Собранието.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече според Уставот на Република Македонија функцијата на Емил Димитриев во Парламентот како пратеник и воедно премиер на Република Македонија е чиста.

Пратениците и претседавачот во текот на седницата повторуваа дека не треба да се бега од дневниот ред, бидејќи некои од нив искажуваа и обвинуваа за некакви интереси на лидерите на најголемите партии во Парламентот, а кои не се на дневен ред односно бараа да се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

За дискусија се пријавени 50 пратеници, а досега своето право го искористија само четворица. Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи утре во 11 часот.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце