02 Мај, 2024
0.0249

Утре престанувам, жими мајка!

Објавено во: Стил 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Од утре престанувам да пушам“ - една од најчестите лаги упатени на себе и луѓето околу себе. Доста чести се и лагите „Јас воопшто не пушам многу, само со кафе (шест до седум кафиња дневно)“ ... „Ќе престанам само да ми помине онаа свадба (селидба, патување, стрес, наплата) “... Оние кои никогаш не биле зависници од никотин, секако, тешко може да ја разберат оваа кетегорија на луѓе, освен ако и самите немаат некоја органска зависност – на пример зависност од сланина со домати, бурек со месо, сарма, кулен, шеќер во облик на сладолед, чоколадо. Па и оние кои не можат без пиво, вино, ракија, кафе, таблети за болки, грицкање нокти .. Тука се и зависности од типот на заразено гледање ТВ серии и спортски настани,спортски обложувалници, игрички, трчање, секс ...

КРИЗИРАЊЕ: ЕЛЕКТРОНСКО И ОНА ДРУГОТО

Се случува никотинскиот зависник сепак да да ја фрли паклата во канта, а тогаш настануваат пушачките кризи, во кој болесникот секогаш е подготвен за расправа, галама, исправање Криви Дрини, барање влакно во јајце, досолување памет, со чести викотници на најблиските,  „Ма пуши човече, пушти не да живееме!“ ... Де требаат електронски цигари кои се лижат како лижалки, де требале бомбони, па мастики, па семки, станува хистеричен во недостаток на истите, почнува да избегнува луѓе кои пушат, ги избегнува и оние кои не пушат – бидјеќи немаат поима како е тоа кога сакаш да престанеш и во најдобар случај по себе, времето прераснат во загорен антипушач кој луфтира се каде се пуши, му смета и најмал дим, неретко е склон да ги плаши пушачите со 6148 болести кои ги очекуваат ако не престанат!

Секако, на сите им се фали како има цврст карактер, преполн е со совети за одвикнување од овој луксуз....Но , ако сепак мисијата на одвикнување не успее ќе пуши уште пострасно. Со лева и десна. А не е лесно да се престане. Затоа што пушењето не е само навика, туку целосен начин на живот: „Станам, запалам, седнам во кола, запалам, после јадење, после капење, после .. Во друштво не гасам, кога нешто се слави и пие, вадам една по една ... Што ми фали? Секој човек мора да има по некој порок!

Типични одлики на зависност се: вечно барање запалка (по дома, по торба, по џебови, позајмување, „крадење на запалка“, палење цигари на плинско за кафе, на рингла, на расипана печка ... Потоа барање пепелари, празнење пепелари, миење пепелари, правење дупки на двоседот (фотелја) жар од цигари, Карање поради направени дупки, трошок околу пресоблекување на двоседот ...Ма, пушењето не да е скапо – туку е прескапо! Дупка на спомени од баба ... Галама порди спомените . Дупка на ќебето. Омиленото. Галама поради дупката. Дупка на тренерки. Најскапите. Галама. Дупка кај гости. Срам поради неа. Бла, бла...

ХИТЛЕР И ПАСИВНО ПУШЕЊЕ

А сега, сериозно: ајде да се обединиме против пушачите, додека на улиците незабележано минуваат алкохоличари, осудени или осомничени воени злосторници, силеџии, наркодилери и нивните муштерии.

Како да немало заколнати непушачи кои од хоби се занимавале со масакри: ги мерат тоталните забрани на оваа „комунистичка навика“ прв ја вовел во младоста страствен пушач, а подоцна, гледај иронија, заколнетиот непушач, чист, тоталитаристот Адолф Хитле. Тогаш во нацистичка Германија настанал терминот „пасивно пушење“ кое како теорија денес е главен аргумент на никотинската прохибиција!

Клучни играчи на евентуалната акција - борба против тутунскиот дим се, секако , лекарите-политичари кои ќе си играат со статистиката (кој би ги проверувал сите тие силни бројки) како и да и одговара на државата, притоа не грижејќи се за претераниот недостаток на лекови, опрема и потреби по болниците. Грижа за населението! Кое население? Она вработеното што има за тура пијачка во кафана, или она невработеното на кое веројатно единствено што му останува е да пуши тутун, ма колку нелогично било. Можеби претходно сепак ќе понудиме некој друг вид утеха, или поттикнување на грешната популација, па после удар на рестрикција. Не би чудело лицемерието - да се забрани пушење, но да се воведат средства со кои се олеснува оставањето цигари, многу нови правила и на нив достојни казни кои извлекуваат пари од граѓаните. Тоа би можело да не го забележи само оној со исклучително нисок коефициент на интелигенција. А бијдеќи не сме глуп, туку прост народ, можеби подобро да играат на некоја друга карта, на пример на подигање на културата и нивото на толеранција на граѓаните. Како да не сме доволно напнати и поделени. И не би не зачудила иронија да кампања против пушењето државата ја (ако одлучи да еднаш и сериозно ја спроведе) спроведе од пари соберени од акцизи на тутунот.

Кога сме кај лицемиерите, креаторот на иднината, Америка, засега е шампион на забрана за пушење поради наводни грижи за здравјето на луѓето, поготово деца, а истовремено директно е одговорна за убиството на неколку милиони луѓе ширум светот преку воени акции. Хм. Колку со ваквите „решенија“ се оштетени угостителите, конобарите, шанкерите, ако би им доаѓале само непушачи тоа е пак нивен проблем (и даваат на државата толкави должности, а тогаш таа одредува во кој објект ќе се пуши а во кој не, или пак има случаи кој во објектот може да пуши а кој не) Секако дека на газдите не им се исплати да ги селектираат гостите.

ДА, ПУШЕЊТО УБИВА

Нема , секако, дилема дека пушењето е штетно.

Нема дилема дека тоа е многу гадна и лоша навика, трошок, порок, страст, хир, неодговорност, мангупски манир, последица на младешка љубопитност, но тоа е приватна работа! Ствар на личен избор!

Зарем не е тогаш решение да се затворат фабриките на тутун, да се намали бројот на продажни места, драстично да се зголеми цената, да им се даваат награди на оние кои престанат, па некои луѓе сами сфатат и се потрудат да ги остават цигарите. Бидејќи пушењето секако спаѓа во болесни зависности и кој не бил зависник, не може да знае како му е на пушачот, ниту пак може да му суди.

И.Р.