02 Мај, 2024
0.0309

В година пензиите ќе трошат над една милијарда евра: Носат ли ризик најавените мерки

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Различни реакции предизвика најавата на премиерот Зоран Заев дека Владата планира да донесе закон во првите сто дена од мандатот за задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Објасни дека тоа, од јануари следната година од кога ќе почне и примената ќе значи дека нови 10.000 вработени веднаш ќе станат пензионери. 

Дел од познавачите сметаат дека тоа ќе биде значаен притисок на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој и така од година в година е се позависен од финансирањето на централниот буџет. Нивните аргументи се дека во услови на зголемување на животниот век потребно е можеби и зголемување на старосната граница за пензионирање. Друг дел од јавноста смета дека на ваков начин ќе се даде шанса за вработување на перспективни кадри во услови на висока невработеност кај младите. Сепак се сугерира на посебна внимателност поради финансирањето на државниот фонд. 

Во изминатиот период немаше извештај од меѓународните финансиски институции во кон не беше наведено дека во Македонија е потребно зголемување на староста за пензионирање. Тоа го тврдеа и Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. 

Меѓународниот монетарен фонд тврдеше дека дека со овој модел ќе се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства.

Во јули годинава пензија земаат вкупно 324.893 лица. Согласно стратешкиот план на ПИОМ следната година треба да има 325.835 пензионери. Дали оваа проекција ќе се ревидира, останува да се види. Согласно растот на бројот на пензионери, се зголемува и сумата која се троши за пензии. Проекциите се дека следната година само за пензии ќе се потрошат 1,021 милијарди евра. Лани за пензии ПИОМ исплати 915 милиони евра. 


Расходите растат затоа што расте и бројот на пензионерите. Новите мерки дополнително ќе го зголемат бројот на корисници на пензија.


Премиерот најави задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Со тоа ќе се укине можноста некој вработен и по навршувањето на годините за пензионирање да може да остане на работа, опција која сега ја има. Заев сепак рече дека исклучок од ова ќе бидат здравствените работници

„Законот ќе биде изгласан од првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри, рече Заев.

Објасни дека тоа се 10.300 работници. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности