Добивај вести на Viber
Стефан Гатињон, градоначалник на малиот француски град Севран во близина на Париз, стана познат во јавноста откако преку штрајк со глад успеа да ги натера државните власти да му дадат поголеми субвенции за градскиот буџет.
Штрајкот на градоначалникот-бунтовник започна минатиот петок пред зградата на Националното Собрание, а беше прекинат денеска откако Гатињон успеа да постигне компромис со Владата, со што неговиот град доби субвенции од пет милиони евра годишно.
Штрајкот ги поттикна и француските пратеници кои во вторникот дадоа зелено светло за зголемување од 50 % на субвенциите за развој на сиромашните општини.
Фондот е наменет за сто најсиромашни општини во Франција со повеќе од 5.000 жители, како во случајот со Севран.