26 Април, 2024
0.0277

Важен економски договор, кој се однесува на Грција, гас и многу пари, ќе се случи наесен во 2018 година?

Објавено во: Економија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Приватизацијата на грчкиот оператор на мрежата за пренос на гас „Desfa“ може да се случи најрано во есента 2018 година. Ова го пренесе Катимерини, повикувајќи се на свои извори. 

Според изданието во февруари или март 2018 година ќе има договор за продажба на 66% од компанијата, по што договорот ќе се анализира од регулаторите, вклучувајќи и од Европската комисија. 

Проверката на договорот ќе трае околу шест месеци. 

Потоа, ќе се оддели поделбата на средствата на „Desfa“ и на гас-операторот DEPA. Така, приватизацијата на „Desfa“ ќе заврши не порано од крајот на третиот квартал од 2018 година. 

Тогаш ќе бидат префрлени и парите во грчката каса, бидејќи државата држи удел од 31% од „Desfa“ кој ќе биде продаден, и во „Hellenic Petroleum“, кој ги поседува останатите 35%. 

На крајот на ноември приватизацискиот фонд на Грција објави продолжување на рокот за приватизација на гасното друштво по барање на инвеститорите. 

За компанијата се борат шпанската „Regasificadora del Noroeste“ и конзорциум меѓу „Snam“, „Enagas Internacional“, „Fluxys“ и „Nederlandse Gasunie“.

Според грчките медиуми, договорот е одложен поради разговорите за цената. Од Hellenic Petroleum инсистираат како појдовна точка да биде земен износот од 400 милиони евра кои Socar изјави дека е подготвена да ги плати во 2013 година. 

Продажбата на операторот на мрежата е по барање на доверителите на Грција со цел да се намали државниот удел во енергетиката. 

Затоа има барања за продажба на ТЕЦ, како и акции на државната енергетска компанија ППЦ.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра