19 Мај, 2024
0.1939

ВАЖНО ЗА ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - денеска ќе се знае банката или банките преку кои ќе оди исплатата

Објавено во: Економија 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување депозити денеска ќе ја избере банката или банките преку кои ќе се врши обесштетувањето на штедачите во Еуростандард банка.

Ова за Фактор го потврди директорот на Фондот, Борче Хаџиев. 

Со таа банка или банки Фондот за осигурување депозити ќе потпише договор на три или на пет години.

„Ова што значи дека преку таа банка или банки, во следните три до пет години сите штедачи на Еуростандард банка кои штеделе до 30 илјади евра во банката, ќе можат да си ги подигнат своите средства. А и доколку измине рокот на тој договор, сите податоци за штедачите кои дотогаш нема да успеат да си ги подигнат своите средства, ќе се преврлат во Фондот, што значи дека граѓаните повторно преку Фондот ќе можат да бидат обесштетени“, вели Хаџиев за Фактор.

Ова, според него, значи дека практично рокот во кој граѓаните би морале да брзаат за да ги подгнат своите пари не застарува, туку нив ќе можат да си ги подигнат во секое време. Односно, нивните парични средства ќе чекаат на овие штедачи во секое време.

Покрај лично, средствата же може да ги подигнуваат и други граѓани кои од нив ќе бидат ополномоштени, значи со полномоштво заверено на нотар.

Но, до Фактор одредени граѓани кои живеат во странство, а имале свои заштеди во Еуростандард банка, го поставуваат прашањето како тие да си ги подигнат своите пари. Односно, поради физичкото отуство од земјава, како тие да ополномоштат некој свој близок за да им ги подигне парите преку банката исплатувач. 

Директорот на Фондот, Хаџиев, вели дека тоа прашање се уште не се разгледувало, но ќе се разгледува. 

„Тоа прашање за нашуте граѓани во странство се уште не сме го разгледувале, но ќе го разгледаме во следните денови“, објаснува Хаџиев. 

Во секој случај овие средства ќе ги чекаат граѓаните и тие ќе можат да ги подигнат во секое време.

Инаку, на 31 јули 2020 година вкупниот износ на депозитите на физичките лица кои штедат во Еуростандард банка изнесува 4,4 милијарди денари или 71,5 милиони евра. На 31 јули имало 136.619 депоненти на банката.

Оние штедачи кои имаат влогови над 30 илјади евра, остатокот од парите ќе треба да го побаруваат од стечајната маса. 

А Фактор пишуваше дека годинава го нема финансискиот извештај за работењето на Еуростандард банка за 2019 година, за што надлежните институции објаснија дека немале законски ингеренции да делуваат.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа