12 Мај, 2024
0.0286

Вчера дожд и избори, денеска споменици изникнаа низ Центар

Објавено во: Македонија 08 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Од ноќеска по полноќ, откако стана извесно дека му се заканува смена на актуелниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, се започна со итно поставување на споменици на целата територија на општината. Споменици денеска се поставуваа од Капиштец, преку Плоштадот Македонија и Карпошово востание, па се до црквата Св. Богородица. Додека актуелните општински власти одчучја да молчат за денешната акија, се огласи кандидатот за градоначалник на коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски кој според податоците на ДИК го  има освоено мнозинството гласови во Центар. „Ова е последното нагрдување на општина Центар. Од утре ниту еден сантиметар од Општината нема да се моделира во нешто друго без да се прашаат граѓаните“, изјави денеска Жерновски. Притоа денеска во Центар се поставени околу 40 нови споменици и скулптури. Од двете страни на Порта Македонија беа поставени Павел Шатев  и Христо Татарчев, во Жена Парк споменикот на Кузман Јосифовски Питу, а кај министерството за правда беше поставен Христо Узунов. Пред црквата пресвета Богородица, работниците поставуваа скулптурите на Св.Богородица, Св. Петар и Павле и Св. Никола. На плоштадот Карпошово востание пак се местеа плочки и се монтираа елементите на проектираните фонтани.Кај Католичката црква беше ставен споменикот на Васил Чакаларов, а на мостот Око се монитраа дури 28 скулптури. Денешниот интензитет на поставување споменици е досега невиден од самото почнување на реализацијата на владиниот проект „Скопје 2014“, чија жртва главно беше општината Центар. Фото: Телма

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа