„ВЕЧНИОТ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ И АНГЕЛОВ ПОСЛЕ СЕДУМ ГОДИНИ УДОБНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ“ - адвокатот Митровски „бегалците“ ги споредува со „стаорци кои први го напуштаат бродот“
Објавено во: Македонија 26 Март, 2024
Адвокатот Јанаки Митровски излезе во јавноста со жестоки критики кон досегашните коалициони партнери на СДСМ во власта, споредувајќи ги, како што пишува во својата колумна, со стаорци, кои први го напуштаат бродот што тоне.
Ова е дел од негови колумни од серијалот, како што го нарекува „Разумен сомнеж“.
„Како што тоа вообичаено бидува, бродот што тоне први го напуштаат стаорците. Па така, коалицијата со СДСМ, и тоа после седум години ја напуштаат Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Демократски сојуз на вечниот Павле Трајанов, Достоинство на Стојанче Ангелов кој после цели седум години удобно директорување сфати дека власта ништо не правела за бранителите, како и фантомската СДУ на Еленовски. Сите овие партии преминуваат во таборот на ВМРО-ДПМНЕ а таму се приклучуваат и фантомската ТМРО на Шехтански и Македонски концепт на Петар Богојевски, кој на крај излижа се што исплука“, пишува Јанаки Митровски.