Вељаноски свика пауза, мора да се најде договор, нема суштинска дебата
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017
Претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски на четвртиот ден на расправа меѓу пратениците повторно свика пауза со цел пратеничките групи да се договорат како ќе продолжи работата на Собранието бидејќи со процедуралните говори целосно се блокира суштинската дебата.
Наместо да се разговара за точките од дневниот ред, а тоа е финиширање на комисијата за избори и именување која треба да дојде до предлог за нов претседател на Собранието, пратениците продолжија со меѓусебни обвинувања и ситно политиканство.
По паузата од еден час треба да се утврди на кој начин ќе продолжи расправата со цел повеќе да нема злоупотреби на собраниската говорница иако истото им е дозволено на пратениците согласно Деловникот.