ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки
Објавено во: Балкан 29 Март, 2024
Вештачењето покажа дека мајката на двегодишната Данка Илиќ од Бор бришела пораки и повици од телефонот на денот на исчезнувањето на девојчето.
Таа повторно е повикана во полициската станица во Бор, каде вчера заедно со нејзиниот сопруг помина повеќе од осум часа на информативен разговор. Таткото на Данка поминал на полиграф, но детали не се објавени засега.
Од денеска два специјални тима за спасување од урнатини од Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи се почнаа детална потрагата во теренот околу семејната куќа на Илиќ во Бањско поле. Тука се и пожарникарите кои се подготвени да помогнат во пребарувањето на водоводните и канализационите цевки, како и септичките јами.
Директорот на Центарот за исчезнати и злоупотребувани деца во Србија, Игор Јуриќ изјави дека во случајот со исчезнатото девојче сите околности будат сомнеж. Изјавите на блиските луѓе на девојчето се контрадикторни.