11 Мај, 2024
0.0242

Вевчанци добија подрачна единица на Министерството за земјоделство

Објавено во: Агробизнис 28 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Вевчанскиот регион претствува бисер на руралниот туризам во Македонија и има голем потенцијал за квалитетни земјоделски производи и за развивање на земјоделскиот сектор на преработувачки капацитет. Ваква оценка даде министерот за земјоделство, Љупчо Димовски по денешното отворање на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство во Вевчани. Тој потенцира дека за следната 2014 година програмата за финансиска подршка на Вевчани е предвидено да изнесува 140 милиони евра од кои што 30 милиони евра за рурален развој. Градоначалникот на Вевчани Угриновски изјави дека на овој начин земјоделието кое во изминативе 20 години беше во застој, повторно ќе заживее.