(ВИДЕО) АЛО, ОВДЕ ТРАМП! ... Кога светот му „фаќа сеир“ на американскиот претседател ...
Објавено во: Свет 30 Август, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп имал потешкотии при телефонски разговор во Оваланата соба, а тој момент го снимиле камерите.
Трамп во канцеларијата полна со новинари и сниматели рекол дека почнува разговор со претседателот на Мексико Енрике Пени Нијета.
„Верувам дека претседателот е на линија“, рекол самоуверено Трамп.
Секако, од друга страна на линијата немало никој.
„Енрике“, прашал Трамп, но одговор не добил.
Откако притиснал неколку копчиња на телефонот, Трамп повторно го повикал Енрике, но ништо не се случувало.
Ситуацијата станала крајно непријатна, а претседателот повикал помош.
„Јавете ми кога ќе биде на линија“, им рекол на своите помошници.
„Како сте вие? Ова е голема работа. Многу луѓе чекаат“, им рекол Трамп.
Работите станувале уште понезгодни, па на помош дошол еден од асистентите на Трамп и повикот подоцна е воспоставен.
„Претседателе Трамп, добро утро, како сте?“ се слушнал глас од другата страна, додека лицето на Трамп го прекрил израз на олеснување.