(ВИДЕО) Цели 26 часа паѓаше дожд, сега се борат со поплави
Објавено во: Свет 02 Март, 2019
Северна Калифорнија се соочува со невидени поплави.
Многу делови се поплавени, а една Американка од Гернвил не успеа да се заштити од дождот.
„Го слушав дождот како 26 часа паѓаше, и во еден момент забележав дека од плафонот капе. Ставив кофа и мислев дека ќе престане. Се создадоа големи пукнатини, и кога земав камера да снимам, се урна“, вели таа.
Освен што останала без плафон, два дена немала струја.