(ВИДЕО) Човек облечен во бела мантија ноќе танцува во Кавадарци и гаѓа со камења
Објавено во: Македонија 14 Март, 2023
Непознато лице веќе трет ден ги плаши жителите на Кавадарци.
Станува збор за човек облечен во бела мантија. Снимката се појави на социјалните мрежи. Човекот танцува и се врти на влезот на патеката кај споменикот на12-те деца, а во описот на видеото се вели дека и тој фрлал со камења. Граѓаните се во недоумица дали се работи за некои пагански обичаи. Видеото има над 41.000 прегледи, но и многу коментари.
фото принтскрин