26 Април, 2024
0.0284

(ВИДЕО) Домашни логисти им помагале на Грујевски и Бошковски да избегаат

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку немале помош од домашна страна, екс началникот во УБК и поранешниот вработен во истата институција немало да можат да избегаат.

Ова го изјави министерот Оливер Спасовски.

Министерот во емисијата 360 степени истакна дека Горан Грујевски и Никола Бошковски имале помош од Македонија, како логистичка така и финансиска.

„Домашната логистика е клучната за целото нивно поминување надвор од територијата на Република Македонија. Ако немале домашна логистика, ако немале луѓе коишто ќе им даваат обезбедувања во однос на финансиски сретства и така натаму, дури и со тие нелегални патни исправи, тоа не можеле да го направат. Важна е за нас помошта која ја добивале од луѓе од внатре. Таа е констатирана и многу извесна, и сега тука треба Обвинителството да работи сериозно и на овој сегмент“, потенцираше министерот Оливер избегна да шпекулира во однос на било какви податоци и врски.


Потсетуваме дека двајцата екс разузнавачи кои СЈО ги гони во однос на нелегалното прислушување моментално се наоѓаат во притвор во соседна Грција. Токму таму, на 80 километри тие се криеле а се уапсени на солунскиот аеродром при обидот да избегаат во Будимпешта.

Грујевски и Бошковски се уапсени под лажни идентитети и со фалсификувани пасоши.

Вчерашното судење грчките судови го одлоќија и презакажаа за во вторник.

Во меѓувреме Македонија почна постапка за екстрадиција на двајцата бегалци.

Зошто Грција го одложи судењето на поранешните вработени во тајната служба Грујевски и Бошковски?

ФОТО: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица