(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО ВО ЗИМБАБВЕ: Војската го држи Мугабе под нишан
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2017
Воени претставници на Зимбабве соопштија дека ја преземале власта над „целните“ точки - криминалци кои го опкружуваат претседателот на таа земја Роберт Мугабе.
Тие ја уверуваат јавноста дека 93 годишниот лидер на Зимбабве е „жив и здрав“.Тој, меѓутоа, е во домашен притвор, заедно со сопругата Грејс, изјавиле воени лица, пренесе Ројтерс.
Тие тврдат и дека сега војската ги обезбедува сите државни институции и дека патролира низ улиците на главниот град Хараре.
„Наша мета се криминалците околу Мугабе, кои прават злосторства кои имаат социјални и економски последици во земјата, а се со цел тие да се приведат до правдата“, изјавил еден од воените претставници на Зимбабве, генерал Мојо.
Штом ја исполниме нашата задача се ќе врати во нормала“, рекол тој.
Владини извори наведуваат дека војската го уапсила министерот за финансии Игнатиј Комбоа, кој е лидер на таканречената Г40 фракција на владеачката ЗАНУ-ПФ, која ја води сопругата на Мугабе, Грејс.
Синоќа е заземена и државната телевизија ЗБЦ, јавија некои медиуми. Меѓутоа, наводно војниците на работниците во телевизијата им рекле „да не се грижат“ и дека тие се таму за ја обезбедат локацијата. Во исто време, Гардијан наведува дека војниците нападнале работници на телевизијата и цивили.