(ВИДЕО) Држава е под песочна бура - денот се претвори во ноќ
Објавено во: Свет 14 Јули, 2018
Делови од Аризона неделава се зафатени од силни песочни бури.
Тие беа под влијание на монсунско време што доведе до појава на песочни бури. Ѕидот прашина што се движи кон градот Феникс многумина ги потсети на Армагедон. Дневното светло се изгуби и тоа траеше еден час, а се слушаа грмотевици и дуваше силен ветар, сведочат жителите на Феникс.
Метеоролошката служба на САД објави дека силната песочна бура наречена хабуб, патувала над 400 километри, а прашината достигнувала височина и од 6 000 метри.