02 Мај, 2024
0.0417

ВИДЕО+ФОТО: Каде се наоѓа најстариот хотел во светот?

Објавено во: Стил 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Хотелот се наоѓа во град Кјото и е признат како најстара активна гостилница.

2

3

Која е тајната која го прави еден бизнис успешен? Ако сакате навистина да дознаете - само прашајте го јапонското семејство кое го управува „Nishiyama Onsen Keiunkan"  52 генерации за период од 1 300 години.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/im4D9nJmAKQ[/embed]

Најинтересно е дека семејството продолжува да го развива и одржува своето наследство. Денешните шефови се трудат да го прошируваат просторот, да го модернизираат - вклучувајќи нови бањи кои испумпуваат над илјада литри топла минерална вода во минута. Хотелот е со четири ѕвезди, но тоа не значи дека сите модерни удобности постојат во објектот. Во хотелот гостите немаат пристап до интернет. Така  можат да уживаат во тишината и убавината на природата.

5555

Хотелот е создаден во 8 век од Фудживара Махито, син на помошник на 38-тиот император на Јапонија. Низ вековите хотелот бил домаќин на самураи, политичари и познати личности.