(ВИДЕО-ФОТО) СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ БЕЗ МИЛОСТ: Запалиле автобуси за евакуација на болни и повредени цивили
Објавено во: Свет 18 Декември, 2016
Сириските бунтовници запалиле денеска неколку автобуси со кои требало од две села под контрола на владините сили во провинцијата Идлиб да бидат евакуирани болните и повредени цивили, пренесе БиБиСи.
Како што е наведено, колоната автобуси се движела кон селата Фоа и Кефраја, населени воглавно со шиити, кои ги контролираат бунтовниците.
Сириската војска наредила на цивилите да им се овозможи да ги напуштат шиитските села како би продолжила евакуацијата од источен Алепо, на кој уште чекаат илјадници луѓе.
Првичниот план на евакуација на цивилите и бунтовнците од источно Алепо пропаднал во петокот, поради што голем број луѓе останале на локациите долж евакуираните рути без храна и засолништа.
И покрај одложувањата поради несложувањето околу новиот план на евакуација, колони автобуси тргнале денес кон источен Алепо и селата под контрола на сириската војска во Идлиб.
Сириската опозициона Опсерваторија за човекови права соопштила претходно денес дека припадниците на бутовничката група Џабхат Фатах ал Шан, некогашен фронт на Ал Нусра, спречиле автобусите да влезат во селата Фоа и Кефраја.