02 Мај, 2024
0.0238

(ВИДЕО) Го бркал бездомникот секој ден, а кога дознал што прави тој .. било предоцна!

Објавено во: Стил 01 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Многу бездомници скитаат по улиците, не затоа што така сакаат туку затоа што немаат избор. Не добил секој шанса за удобен живот: некои немаат шанса да се школуваат, а камоли да најдат пристојна работа која ќе им донесе пари .

Секој човек има приказна, а понекогаш своите неволји ги задржува сам за себе. Затоа немојте на луѓето да им судите по надворешниот изглед, е поентата на оваа тажна рекламна компанија Визер од Индија која продава безбедносни камери.

Рекламата која многумина расплака покажува токму како под нечистата надворешност на бездомникот се крие огромно срце, што за жал не е препознаета.

Имено, сопственикот на продавницата пред која бездомникот секоја ноќ спи, наутро вика на него, го пцуе и брка. Се до еден ден, кога науто пред продавницата не нашол никој.

Сопственикот на продавницата го интересирало каде е човекот кој ја поминувал ноќта пред неговиот дуќан, па се досетил да погледнете на снимката на безбедносната камера. Тогаш здогледал нешто на што не се надевал, но, било предоцна кога сфатил колку згрешил.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/uQxgD0TpiQI[/embed]