(ВИДЕО) ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Се бројат жртви и штети
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Во невреме во североисточниот дел на САД, починаа пет лица, меѓу кои и едно девојче, а скоро половина милион луѓе останаа без струја.
Поплави и град со јачина од речиси 130 километри на час зафатија дел од САД, а возможна е и појава на торнадо.
Во американската сојузна држава Њујорк почина и 11-годишно девојче врз кое падна дрво после невреме. Дрвото во пад ја повреди и нејзината мајка.
Во градот Њубург дрво падна на жена, додека таа управувала со автомотил. Таа исто така нешто почина нешто подоцна.
Во Данбери, во сојузната држава Конектикат, еден маж почина откако дрво падна на камиониот кој го возел, четвртата жртва исто така починала при пад на дрво во Њу Ферфилд, а 31 годишен маж почина откако дрва го уништи неговото возило.
Жителите во Пенсилванија, Њујорк и Њу Џерси вчера останаа без струја.
Националната метеоролошка служба доби повеќе од 100 извештаи за големи временски неприлики.