(ВИДЕО) „ГРАД НА ДУХОВИ“ ВО МАЛЕЗИЈА: Изградбата чинеше скапо, но зошто таму никој не живее?
Објавено во: Свет 05 Април, 2024
„Градот на духови“ во Малезија чинел 100 милијарди долари, а во него денес не живее речиси никој.
Целиот концепт на еколошки прифатлив град стана сè поприсутен со текот на годините, а еден таков пример на мегаград во Малезија наречен „Forest City“ со години е „град на духови“. Мегаградот требало да биде голема кинеска инвестиција кога проектот бил за првпат претставен. Тој е дизајниран да смести до милион луѓе, заедно со терен за голф, воден парк и ресторани.
Работата на проектот за првпат започнала во 2016 година, но сè уште не е завршена. Според „BBC“, изградени се само 15 отсто од градот, а само еден отсто од изграденото е населено.
„BBC“ наведува дека „Forest City“ има за цел да продава недвижнини во Малезија на кинески купувачи - во суштина да им даде „дом далеку од дома“. Сепак, цените излегле од контрола, а куќите во Малезија сега го надминале буџетот на многу луѓе.
ИТ инженерот Назми Ханафија за „BBC“ изјави дека се отселил од „Forest City“ по само 6 месеци.