(ВИДЕО) Град со големина на јајце оштети автомобили во Мостар
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2019
Невреме со обилни врнежи на град и дожд, погоди денеска делови од Херцеговина.
Бурата најмногу ги погоди деловите на Доња Јабланица и Грабовица кај Мостар.
При невремето оштетени се неколку автомобили.
На сообраќајниците има големи количини вода, а жителите на социјалните мрежи објавуваат фотографии од градот кој паѓал и бил со големина на јајце.