11 Мај, 2024
0.0250

(ВИДЕО) И по толку време, Кајмакоски сѐуште неисплатен за Х-Фактор!

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Минатата сабота уживавме во нова премиерна епизода од домашното број 1 ток-шоу, Еден на Еден. Овој пат “еден на еден” со Жаре беше победникот на балканскиот Х-Фактор и поранешен македонски претставник на Евровизија – Даниел Кајмакоски.

Полн со позитивна енергија, Даниел не го штедеше својот талент и приреди навистина добро шоу. Меѓу останатото, одговори како се снаоѓа со популарноста, откри зошто имал лош стајлинг неколку пати во кариерата, се проба и во фристајл пеење, а гостувањето го заокружи со фантастичен кавер на “Sex on fire” заедно со Жаре на гитара.

После ова гостување, со сигурност едвај чекаме да ги видиме следните проекти на Даниел кои ги најави во Еден на Еден.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/rx1BUrRtp4Y[/embed]