(ВИДЕО) Израелската војска стрелаше кон Газа
Објавено во: Свет 08 Декември, 2017
Израелската војска синоќа информираше дека стрелала цели во појасот Газа како одговор на ракетни напади врз Израел.
Eдна ракета експлодирала на југот на Израел, додека двете претходни паднале на палестинска територија. Војската извести дека дејствувала од авиони и тенкови на два воени пункта во Газа. Во меѓувреме на палестинските територии имаше нереди во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го призане Ерусалим како главен град на Израел.
Палестинците од Западниот Брег и источен Ерусалим денеска планираат маршеви и митинзи по традиционалните муслимански молитви во петок за да протестираат против одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. По ваквите повици Израел размести стотици дополнителни полицајци денеска во Ерусалим на Ридот на храмовите во стариот град, место свето и за Евреите и за муслиманите.