(ВИДЕО) Километарска колона од заробени членови на ИСИС, по конечниот пораз
Објавено во: Свет 23 Март, 2019
Видеото што го објави сирискиот новинар Мохамед Хасан.прикажува километарска колона од заробени припадници на ИСИС по конечниот пораз на ИД од Сириските демократски сили.
"Најдолгата колона членови на ИСИС од различни националности им се предаде на Сириските демократски сили", напиша тој во Твитер.
Последната борба неколку недели се одвиваше во Багуз, град во близина на ирачката граница, пред целосниот пораз на самопрогласениот Калифат. Исходот беше јасен однапред и само се чекаше официјално прогласување на победата над ИД.
Колоната е направена со цел да се запази редот на транспортирање пред да им се суди на борците.
The longest line of #ISIS armed from different nationalities surrenders to Syrian democratic forces #SDF in #Baghouz #Syria https://t.co/FJxEm8tRzU pic.twitter.com/AZqxlgyfiu
— MOHAMMED HASSAN (@MHJournalist) March 18, 2019