(ВИДЕО) КОМАНДАНТ НА ПОЖАРНА: Oва е еден од најголемите пожари што сум ги видел
Објавено во: Свет 30 Август, 2018
Голем пожар се шири во Австралија.
Во градот Мелбурн се запали магацин на фабрика, од кој потоа одекнале и експлозии. Овој магацин е лоциран во западното предградие Вест Футскреј.
Околу 140 пожарникари со 30 противпожарни камиони се борат со огнената стихија.
„Ова е, секако, еден од најголемите пожари што сум ги видел во Мелбурн“- изјави командантот на противпожарната бригада во градот, Грег Лич.
Токсичниот чад се шири кон приградските населби, а десетици училишта и детски градинки се затворени. Жителите се предупредени да останат во своите домови и да избегнуваат изложеност на чадот. Можно е три до четири дена огнот да не се стави под контрола. Луѓето треба да ги исклучат клима уредите и да останат дома. Тие не смеат на 500 метри да се приближуваат до пожарот.