12 Мај, 2024
0.0246

(ВИДЕО) Мал херој на плоштадот во Скопје одржа лекција по хуманост

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Осумгодишниот Јован Дукмеџиев од Скопје завчера за 45 минути собра  8.800 денари помош за лекување во Америка на неговата врсничка Ели.

Тој вчера на плиштадот Македонија во Скопје свиреше рок и поп хитови, за да собере пари за девојчето што не го познава, но се надева дека ќе го запознае.

  На Јован ова не му е прва хуманитарна акција, а на сите им порача дека хуманоста е меѓусебното помагање се најважни.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MpTE2uhXLCM[/embed]

Инаку, малата Ели, која е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

Броеви за донирање за Ели се:

 070/143-111, 077/143-775 и 075/143-114, а сметките се: денарска, 300001000024155, Комерцијална банка, Елена Додевска и девизна Dodevska Elena, IBAN: MK07300307063080823, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, KOMERCIJALNA BANKA