03 Мај, 2024
0.0269

(ВИДЕО) На студент му досадила високата кирија па си направил сам куќичка!

Објавено во: Стил 07 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Кристовер Керк, 21-годишен студент од Мичиген, се заштитил од високите цени на сместување на факултетскиот кампус па одлучил дека е најдобро решение - да си изгради сопствена куќа.

student-kucica3

Тоа и го направил и сега живее во куќичка за која годишно не мора да искешира 20 илјади долари како во случај за собите на кампусот. „На почетокот на студирањето не ми се допадна животот во домот па заклучив дека би било подобро да направам нешто поинаку. Почнав да истражувам некои алтернативи и одлучив сите пари кои инаку би ги потрошил на станарина да ги потрошам на нешто друго“, вели студентот . Додуша на изградбата потрошил 13 илјади долари, но после година дена напорна работа , сега е сопственик на дом кои има тоалет и соларни панели кои се сосема доволни за напојување на мобилен, преносен компјутер и електричен шпорет. Што се однесува на греењето, користи плинска греалка што би можело да претставува голем проблем бидејќи многу експерти тврдат дека куќите од овој тип се потенцијална опасност бидејќи може лесно да се запалат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hYIZ2roV48E[/embed]

„Ова по ништо не се разликува од нормална куќа и мислам дека секој многу лесно би се научил на ваков живот“, објаснува тој.

student-kucica2

Керк за „Ann Arbor News“ изјавил дека во куќата наскоро ќе се досели и неговата девојка. Интересно е што никогаш досега ништо не изградил, и се што знае научил гледајќи видео снимки од Јутјуб. Тврди дека годишно заштедува 6000 долари, а откако заврши факултет куќата може да си ја превезе каде сака бидејќи е мобила (подвижна). Во моментов е паркиран на земјиште недалку од универзитетот во Мичиген, а сопственикот на земјиштето му дозволил да се приклучи на водоводот. Иако, не сакал да ја открие точната локација, како што тврди тој, поради „нејасните закони“ порда кои може да има проблеми.