(ВИДЕО) НАЈНЕОБИЧНА РАБОТА НА СВЕТОТ: Ги туркаат луѓето во воз
Објавено во: Свет 07 Декември, 2018
Возови во Јапонија поминуваат на секои две до три минути, но тоа не е доволно за да се превезат луѓето.
Во Јапонија има луѓе кои се платени да ги туркаат луѓето во возовите, а ова е една од најчудните работи на светот.
Работа на овие луѓе им е да ги турнат сите патници во возот.
Тие мора да се потрудат сите да ги собере внатре, и вратите да се затворат. Но, ова не е баш лесно.
Во Јапонија секој ден 40 милиони луѓе патуваат со воз.